| четврток, 6 декември 2018 |

Револуционерен пронајдок: откриено како да се сопре метастазирањето на ракот!

cancer

Речиси деведесет отсто од луѓето заболени од рак ја губат битката со оваа подмолна болест поради метастазата, односно кога клетките зафатени со ракот почнуваат да се движат кон другите органи, а на крајот се распространети по целото тело. Сега, по сѐ изгледа, постои начин ширењето на ракот да се сопре и пациентите да го продолжат животот!

Научниците во Универзитетот во Калифорнија откриле ензим кој е клучен за ширење на ќелиите на ракот на дојка по телото на заболениот, односно го сфатиле механизмот зошто и како воопшто доаѓа до метастазирање на примарниот тумор.

Во прашање е ензимот UBC13, кој зафатеното подрачје со рак го има два до трипати повеќе отколку во здравите клетки. Иако ензимот е многу важен за нормалниот раст и развој на ќелиите во нашето тело и за здравиот имунитет, научниците сфатиле дека овој ензим има и своја темна страна.

Тој, всушност, поседува моќ на малигните клетки зафатени со рак на дојка да им „нареди“ понатамошно ширење по организмот. Според зборовите на авторот на студијата, доктор Хуфенг Ву, здравите клетки ја губат битката со ракот затоа што ензимот UBC13 ги засилува активностите на протеионот р38 заслужен за преминувањето на малигнитетот во здраво ткиво.

Во своите експерименти, Ву и неговиот тим вбризгувале супстанција која ја сопира активноста во експериментални глувци-женки заболени од рак на дојка и ензим UBC13 и протеин р38. Резултатите покажале дека иако примарниот тумор на дојка и натаму растел, канцерогените клетки не се ширеле до лимфните јазли и кон другите органи.

– Докажавме дека примарните тумори, всушност, не се смртоносни. Вистинската опасност се крие во клетките на ракот кои го напуштаат матичниот органи, поточно кажано „бегаат“ низ крвотокот во ткивата од соседниот орган. Иако понекогаш станува збор за само неколку клетки, тие се многу агресивни. Сега можеме да го сопреме ширењето на малигните клетки и да спасиме бројни животи – гордо најавил доктор Ву.

Тимот научници ќе продолжат со истражување на метастазирањето и на другите видови рак, а особено на малигниот меланом (најсмртоносниот рак на кожа), а наскоро се очекува и клинички истражувања на овие методи кај луѓето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top