Тројца Бразилци, пловејќи со чамец во реката Санта Марија, наидоа на џиновска анаконда за која се проценува дека е долга околу 6 метри.
Сниката се појави на интернет во петокот, а досега има повеќе од 1,5 милион прегледи.
По прегледот на снимката, бразилските власти на оние кои налетаа на анакондата им напиша казна од 600 долари за вознемирување на животно, а започната е и кривична постапка против нив. Според бразилските закони на овие три лица им се заканува и казна затвор од 18 месеци.
Погледнете го видеото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.