Голема зелена анаконда, долга најмалку седум метри е пронајдена пред неколку дена прегазена на автопат, односно на петстотини километри од бразилскиот град Куиабе.
Се претпоставува дека големото животно е прегазено од камион, а според нејзината положба утврдено е дека се движела кон реката во која често се капат деца.
Не е познато колку е тешка змијата, но дека е баш голема, потврдува и видеото на кое можеме да видиме дека влечната служба била принудена да интервенира.
Погледнете и самите за колкав примерот станува збор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.