Во дербито на англиската премиер лига Манчестер Сити и Челси ги поделија бодовите одигрувајќи 1-1.
По четирите стартни победи од исто толку натпревари тимот на Жозе Мурињо Челси не успеа да ја задржи предноста од 1-0 преку голот на Шурле во 71 минута.
Џокерот на Мануел Пелегрини беше токму поранешниот играч на Челси и „иконата“ на тимот Френк Лампард со гол во 85 минута за тимот на Манчестер Сити каде најстапува како позајмен играч. Лампард влезе во игра во 78 минута.
Челси не успеа да ја искористи бројчаната предност на теренот по исклучувањето на Забалета во 65 минута поради втор жолт картон на натпреварот.
На табелата води Челси со 13 бодови три повеќе ов второпласираниот тим на Саутемптон. Манчестер Сити е на шестото место со осум освоени бодови.
Во вториот натпревар во терминот од 17 часот Кристал Палас приреди изненадување на гостувањето на Гудисон Парк против тимот на Евертон победувајќи со 3-2.
Goal Andre Schurrle Manchester City 0 – 1 Chelsea by enteritainmentoffical
Manchester City 1 – 1 Chelsea Goal Frank Lampard by enteritainmentoffical
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



