Во Москва денеска е одржан Маршот на мирот, на кој повеќе од илјада лица демонстрираа против војната во Украина и како што тврдат руската вмешаност во тој судир.
Според светските агенции во протестот учествувале околу 20 илјади лица, а според проценките на полицијата околу пет илјади.
Демонстрантите носеа руски и украински знамиња и извикуваа пароли „Не на војната“, „Путин, престани да лажеш“ и „Украина ние сме со тебе“.
Маршот почнал на Плоштадот Пушкин, каде учесниците минуваа низ детектор за метал, а оттаму се движеа до Проспект Сахаров.
Маршот мина без инциденти, доколку се исклучат вербалните препукувања меѓу приврзаниците на Киев и приврзаиците на Новоросије, кои исто така учествуваат во манифестацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



