| четврток, 6 декември 2018 |

Рома продолжува со успешната серија, три од три во новата сезона (видео)

Roma vs Cagliari

Италијскиот клуб Рома со денешната победа над Калјари од 2-0 се искачи на првото место на табелата во италијанската Сериа А лига и сега го дели тронот со Јувентус кој вчера минимално победи во дербито против Милан.
Рома за само 13 минути од почетокот на натпреварот постигна два гола преку Дестро и Флоренци. Во остатокот од мечот „римската волчица“ ја котролираше играта и не дозволи никакво изненадување.

Во останатите натпревари Парма беше поуспешна од Кијево на гостувањето и заслужено славеше со 3-2.
Џенова успеа да слави со 1-0 над Лацио, додека Сасуоло и Сампдорија одиграа нерешено без голови.
Колото го затвараат четирите натпревари меѓу Аталанта и Фиорентина, Удинезе – Наполи, Палермо – Интер и Торино – Верона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top