Во финалето на ВТА турнирот во Токио српската тенисерка Ана Ивановиќ полесно од очекувањата во два сета (6-2, 7-6) ја победи финалистката на САД опен данската тенисерка Каролине Вознијацки.
Добрата форма од оваа сезона Ивановиќ ја продолжи и низ турнејата во Азија и со победата во Токио го освои четвртиот турнир оваа сезона по турнирите во Оукленд, Монтереј и Бирмингем.
По победата една од најубавите спортистки во белиот спорт заработи 100.000 долари и нови 470 ВТА поени со кои се искачи на петто место на листата на најдобрите тенисерки во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.