| четврток, 6 декември 2018 |

Светски стопански форум: Владата во Хрватска е една од најмалку ефикасните во светот, Македонија лидер во регионот

hrvatska

Хрватска има една од најмалку ефикасните влади во светот, според ранг-листата на глобалната конкурентност која секоја година ја објавува Светскиот стопански форум, пишуваат хрватските медиуми.

scroatiawef

На ранг-листата според светската конкурентност Хрватска е на 77. место, а Македонија е 63. место. Листата кај Македонија покажува позитивен тренд, а кај Хрватска тој тренд е во опаѓање. Според листата, откако лани Хрватска напредувала од 81. на 75. место, оваа година Хрватска паднала за две места подолу, со просечна оценка од 4,13. За разлика од Хрватска, Македонија напредувала дури за 10 места. Хрватска е на дното на листата, заедно со други 11 европски земји во развој, кој и се директно конкуренти во привлекување на инвестиции. Во таа група се: Литванија, Полска, Турција, Бугарија, Романија, Македонија, Унгарија и Црна Гора. Зад Хрватска се само Србија и Албанија.

ucinkovitost_vlade

Според тоа како ги троши парите, Хрватската влада е 129. од 144 рангирани земји и има оценка 2,2, а оценките се рангирани од 1 до 7. Државите се подредени според тоа која од нив најразумно располага со државните пари.

opterecenostadministracijom

Најдобри домаќини се Владите на Катар и на Обединетите арапски емирати (ОАЕ) а најрасипничка влада има Венецуела. Македонија е на 40. место, со оценка 3,9 од можна максимална 7.

Според владините регулативи кои се потребни за развој на нов бизнис – администрација, дозволи, регулативи, извештаи, Хрватска е на 141. место од 144 држави, а Македонија е на високото, 27. место со просечна оценка 4,0 за разлика од Хрватска која има 2,2.

Најтранспарентни влади во светот се оние на Сингапур, Нов Зеланд и Финска, а Македонија е на високото 29. место од 144. држави, а просечната оценка е 4,6.

neovisnost_sudstva

Важно е и независното судство.  Најнезависно судство имаат Нов Зелнад (5,7), Финска (6,6) и Данска (6,5), а ситуацијата е најлоша во Венецуела (1,1). На тоа поле Македонија е на 79. место, а Хрватска е 100-та.

Во врска со институциите, водечки се тие во Нов Зеланд и Финска, а потоа следат Сингапур, Катар и Норвешка. Македонија е на 45. место, а Хрватска е на високото, 87. место.

eticnost_korupcija

Според етичноста и корупцијата Македонија е на високото 38. место, за разлика до Хрватска која е на 84. место, а Грција на 90. од земјите во регионот.

Најмногу доверба во политичарите во регионот има Црна Гора (44. место), а потоа следи Македонија (52. место).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top