| четврток, 6 декември 2018 |

„Балкански“ дилеми во Шкотска

scotland-no

Многумина беа изненадени од историскиот референдум во Шкотска, односно од резултат кој се постигна, а неколку видеа кои се појавија во јавноста се поткрепа за тоа.

Снимките кои кружат на интернет покажуват жена која ги префрла гласовите со заокружено „ДА“ во купчето со закуржено „НЕ“. Потоа е прикажан млад човек што потполнува изборни ливчиња во својство на набљудувач. И на крајот е покажано илегално полнење на гласачките кутии. Жена стои пред камерата, а друга го става купот заокружени ливчиња во гласачката кутијата.

По објавувањето на резултатите тензично беше и на плоштадот во Глазгов. Полициски кордон спречи стотици поддржувачи на Унијата да се судрат со противниците. Двете групи кои меѓусебно вербално се навредувале, подоцна противниците на Унијата се разотишле,  но толпата која славела поради неуспешниот реферндум продолжила со дивеењето по улиците на Глазгов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top