Во рамките на кампањата “Европска недела на мобилност – 2014”, денеска се организира посебен јавен настан со цел промоција на пешачењето, користење на јавниот градски превоз и промоција на велосипедизмот како алтернативни форми на мобилност и подигање на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот.
Настанот е предвиден во 11 часот и 30 часот (пред спомен куќата на Мајка Тереза – улица Македонија). Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ќе дели фларери за промоција на алтернативните форми на мобилност. Со тоа всушност ќе започне и пешачкото дефиле кое е предвидено да почне пред спомен куќата на Мајка Тереза а ќе заврши пред триумфалната порта ( Порта Македонија) .
На настанот покрај Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, ќе присуствуваат и Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Никола Ангеловски, Директорот на ЈСП Мишо Николовски и многу личносто од јавниот и политичкиот живот во Република Македонија кои ја подржуваат кампањата за поголема безбедност во сообраќајот.
Во 12.30 започнува промотивно возење во автобус на ЈСП од Триумфална порта до Средно Водно. Во 13.00 од средно Водно организирано е промотивно возење на жичара до Милениумски Крст – врв на Водно.
Во 13.30 предвидено е пристигнување на врвот на Водно каде се одржува Балкански велосипедски фестивал кадешто учесниците во кампањата ќе доделуваат медаљи и признанија за учесниците на фестивалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.