| четврток, 6 декември 2018 |

Отворен првиот фестивал за проза во Mакедонија, „Про-за Балкан“

bajac4

Во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар вчеравечер беше отворено првото издание на фестивалот на прозата „Про-за Балкан“.

На свеченото отворање се обратија министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевск, и директорот на фестивалот, Дејан Трајковски.

– За време на фестивалските денови ги славиме имињата на оние што се борат со нијансите на жедта и ситоста но мислата не е застаната само кај вмрежување на писателите од Балканот бидејќи отворени се прашањата околу поактивен превод на писателите од Балканот на други балкански и европски јазици, а сè уште лебдат без доволно силен ветар и поопштите прашања околу развојот и транснационалната циркулација на автори и културни добра и интернационалниот дијалог и соработка – рече Трајковски.

Пред присутните, Александар Прокопиев, Елизабета Шелева и Ермис Лафазановски ги претставија петтемина автори: Владислав Бајац од Србија, Миленко Јерговиќ од Хрватска, Алек Попов од Бугарија,  Андреј Блатник од Словенија и Александар Николаидис од Црна Гора.

Прв добитник на наградата „Прозарт“ е Владислав Бајац, кому таа ќе му биде враче в среда во книжарницата „Икона“ во „Сити мол“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top