| четврток, 6 декември 2018 |

Прв фестивал на балканска проза

vladislav bajac

Првиот фестивал на балканска проза, „ПРО-ЗА Балкан“, кој ќе се одржи од 4-ти до 7-ми март, во организација на издавачката куќа „Икона“ од Скопје, ќе биде домаќин на пет познати писатели од Балканот.

Владислав Бајац од Србија, Миленко Јерговиќ од Хрватска, Андреј Блатник од Словенија, Алек Попов од Бугарија и Андреј Николаидис од Црна Гора се први учесници на првиот фестивал на прозата во Македонија, чија цел е да ја промовира балканската книжевност, вмрежување на автори и издавачи од регионот и создавање платформа за подобра идна соработка. Учесниците ќе бидат претставени на свеченото отворање на 4 март во кино „Фросина“.

Заедничко за петтемина писатели е нивниот квалитет и високото вреднување во нивните национални литератури и пошироко во Европа и светот. Нивни дела им се познати на овдешните читатели, зашто се преведени на македонски јазик, така што овој фестивал има цел да овозможи средба на домашната публика со авторите и уште повеќе да ја продлабочи љубовта кон романот како најчитан книжевен род.

Фестивалот ќе додели и награда за развој на балканската книжевност – „Прозарт“ во вид на статуетка. Ќе ја добие Бајац, според едногласната одлука на уметничкиот совет, во состав: Александар Прокопиев, Елизабета Шелева и Ермис Лафазаносвки. На српскиот писател  (добитник на голем број награди, меѓу кои и на „Балканика“ за романот „Амамот Балканија“ во 2008), ќе му биде врачена на затворањето на 6 март, во книжарницата на „Икона“ во ТЦ Сити мол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top