
– Вие нас не поддржувате, но мора да знаете дека со вашата поддршка корист имаат и Албанците во Битола, Охрид, Преспа, Преспа и на други места што се опфатени со нашата голема идеја. Кандидатот на ДУИ за Тетово не е жена, туку чиновник во владата на Груевски – изјави Мендух Тачи, претседателот на ДПА која вечерва ја почна кампањата за локалните избори со собир во дворот на основното училиште „Братсво Миѓени“ во Тетово.
Според Тачи, тие се определиле да го поддржат актуелниот градоначалник Сади Беџети, кој повторно е кандидат за градоначалник на ДПА затоа што тој во својот мандат никого не го избркал од работното место поради партиска припадност.
– Вашиот глас што ќе го добиеме ќе се слушне и во Брисел, Вашингтон, Тирана и Приштина – изјави Тачи. Досегашниот градоначалник Беџети потсети на реализираните проекти во изминатиот мандат.
– Со гордост може да кажеме дека сите проекти што ги планиравме ги изведовме и тие се очигледни. Од друга страна владата го заборави Тетово, бидејќи без ниту еден денар помош од нив успеавме да завршиме повеќе капитални проекти. Останува уште малку да го завршиме водоводот. Инвестиравме во инфраструктурата и патиштата, и го направивме Тетово образовен и културен центар – изјави вечерва Беџети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ден на жалост на Косово поради смртта на Џорџ Буш постариот
-
Жената на Хашим Тачи го изневерува со претседателот на Собранието, ама и тој не и останал должен!
-
Скандал го тресе косовскиот политички врв: Сопругата на Хашим Тачи во љубов со собранискиот спикер Весели
-
Тачи ги повика граѓаните да се воздржат од каква било провокации


