| четврток, 6 декември 2018 |

Протест на затворањето на „Браќа Манаки“ (ФОТО)

Со транспарент „Битола сака чист воздух“, битолчани се собраа пред Центарот за култура во Битола, каде се одржува затворањето на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.

Иницијативата за поквалитетен воздух во градот започна на „Фејбук“ и брзо се рашири помеѓу граѓаните, кои неодамна го собраа потребниот број на потписи на петицијата за почист воздух.

Со филмот „Деца на сонцето“ на Антонио Митриќески, вечерва се затвора 35. издание на „Браќа Манаки“.

 

Фото: Teра

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top