Рускиот претседател Владимир Путин му предложил на австрискиот канцелар Вернер Фајман Виена да биде домаќин на евемтуални мировни преговори за надминување на кризата во Украина, објави виенскиот весник „Естеррајх“.
Според весникот, ваквата идеја Путин ја дал за време на вчерашниот 20-минутен разговор со Фајман во кој станало збор за случувањата во Украина и за напорите на ЕУ за надминување на украинската криза.
Според весникот, Фајман оценил дека позициите меѓу двете земји делумно се приближиле, при што Путин ги пофалил напорите на Австрија за мир и оценил дека Виена би била најприфатливо место за евентуални мировни преговори за украинската криза.
Австрија досега водеше внимателна политика балансирајќи меѓу солидарноста со ЕУ во воведувањето на санкциите кон Русија и одржувањето на контактите со Москва. Причина за ваквата позиција на Виена во голема мерка се и значајните бизнис врски на австриските компании со Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



