Резултатите од гласањето на референдумот во Шкотска, со кои се зачува територијалниот интегритет на Велика Британија, ја направија Европа посилна, изјави денеска чешкиот премиер Бохуслав Соботка.
– Добрата вест е дека сега нема да се мораме да се занимаваме со последиците од шкотскиот сепаратизам и наместо тоа можеме да се фокусираме на закрепнувањето на економијата во Европа, а исто така и на стабилизирањето на безбедноста во земјите, кои се граничат со Европската унија – истакна тој.
– По вчерашниот референдум Европа стана посилна во однос на Русија и решавањето на украинската криза. Резултатите од референдумот докажаа уште нешто, дека светот не полудел целосно – додаде чешкиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


