Извршниот комитет на УЕФА ги одреди градовите и стадиони домаќини за финалните натпревари во сезоната 2015/2016. Финалето од Лигата на шампионите ќе се одигра во Милано на стадионот „Сан Сиро“.
На овој стадион беше одиграно финалето во 2001 година кога Баерн ја победи Валенсија. Финалето во Лига на Европа ќе се игра на стадионот „Санкт Јакоб“ во Базел, Швајцарија. Дуелот од Суперкупот во 2016 година ќе се игра во норвешкиот град Трондхајм. На овој натпревар играат победниците од Лигата на шампионите и Лига Европа.
Оваа сезона финалните натпревари ќе се играат на „Олимпискиот стадион“ во Берлин 6 јуни 2015 година (Лига на шампиони) и на стадионот во Варшава на 27 мај 2015 година (Лига на Европа)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.