Главната задача на компанијата „Гугл“ е да собира разузнавачки податоци, изјави основачот на организацијата Викиликс, Џулијан Асанж во интервју за телевизијата Би-Би-Си.
– Бизнис моделот на „Гугл“ е да собира разузнавачки податоци. Тоа на компанијата ѝ носи 80 проценти од заработувачката – истакна тој.
Според Асанж, „Гугл“ собира информации за граѓаните, кои ги класифицира.
– Потоа изработува досие за граѓаните за да ги предвиди нивните интереси и постапки, а потоа продава информации, во повеќето случаи на маркетиншки компании, но и на други – нагласи тој.
Асанж е уверен дека дејноста на компанијата практично се совпаѓа со таа на Агенцијата за национална безбедност и на британското електронско разузнавање „Штаб за врски со Владата“ (GCHQ).
– „Гугл“ располага со сериозна маркетиншка сила. Логото на компанијата не ја буди помислата дека станува збор за голема и лоша американска корпорација, но фактики таа стана токму таква. Денес таа е највлијателна трговска организација во светот – нагласи Асанж
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



