Филмот „Ослободувањето на Скопје“ на актерот и режисер Раде Шербеџија ќе почне со снимање на 24 октомври. Иако темата е, како што кажува и самиот наслов, ослободувањето на главниот град во Македонија, Шербеџија, кој од неодамна и самиот е Македонец, вели дека поголемиот дел ќе се снима во Битола, бидејќи локациите таму се многу поубави.
– Насловот нема да се менува, но повеќе пати повторив дека во главниот град на Македонија е тешко да се пронајде екстериер, кој потсетува на времето од Втората светска војна. Во Битола е поинаку, тука сè уште има фантастични улици од тој период што се недопрени – вели Шербеџија.
Сите формалности околу филмот се завршени и подготовките за почетокот на снимањето се при крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кога најблизок ќе ти замине, не се зборува: Шербеџија потресен од големата загуба!
-
Имав 0,8 промили алкохол, три пати ми правеа алкотест – се огласи и Шербеџија
-
Славниот актер Раде Шербеџија се најде зад решетки
-
Албанците му пакуваат афера на Шербеџија: Измислија дека ќе го глуми терористот Адем Јашари!