| четврток, 6 декември 2018 |

Балотели си купи нова скапоцена играчка

Познато е дека фудбалерите сакаат скапи автомобили, па така веднаш по доаѓањето на островот, Марио Балотели си нарача нова скапоцена играчка.

Италијанскиот фудбалер на вчерашниот тренинг во Ливерпул дошол со ново „ферари Ф12 берлинето“ чија цена е 300 илјади евра, пари кои Балотели ги заработува за две недели играње во вицешампионот на Англија.

Додека настапуваше за Манчестер сити контроверзниот фудбалер повеќе преферираше „бентли“ и „масерати“, но овој пат се одлучи за црвено „ферари“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top