| четврток, 6 декември 2018 |

Косово воведе санкции кон Русија

Владата на Косово воведе санкции кон Русија, соопшти денеска косовскиот премиер во заминување Хашим Тачи, по состанокот на владиниот кабинет.

Како што јавија приштинските медиуми, Тачи изјави дека санкциите ќе останат во сила сѐ додека не се променат околностите поради кои тие се воведени.

Косовскиот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај, од своја страна соопшти дека санкциите се воведени поради случувањата во Украина и меѓународни обврски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top