Локалитетот Билјанини извори и овие последни летни денови предизвикува внимание кај посетелите на Охрид . Но, и натаму Билјанини извори се чини го немаат заслуженото место на туристичката карта во Охрид. Ако туристите тука доаѓаат со водич, сигурно тој ќе им ги раскаже легендата за Билјана и ред други сврзани со изворите и создавањето на Охридско Езеро. Но, ако се решат сами по некоја случајност да дојдат на ова место, нема никаков знак дека изворите се природни и дека локалитетот се вика Билјанини извори. Нема ни информативна табла, ни трага од легендата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


