Европскиот парламент во Стразбур усвои резолуција, со која бара поостри санкции кон Русија и стопирање на изградбата на гасоводот „Јужен тек“.
Со резолуцијата за која гласаа 77 отсто од вкупниот број пратеници, се изразува силна поддршка кон суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, а од Русија се бара итно да ги повлече своите воени сили од земјата и да престане да ги поддржува проруските сили.
Повикувајќи се на поострите санкции кон Русија, Парламентот зазеде став дека „Јужен тек“ не треба да се гради, туку треба да се обезбедат други извори за енергенси.
Само 49 пратеници, односно девет отсто, гласаа против резолуцијата.
Гасоводот, чија изградба е во тек, според планот би требалo да минува низ Црното Море и Балканот и да звршува во Австрија, со што би се елиминирала потребата за транзит на гас низ Украина.
ЕУ претходно зазеде став дека изградбата на „Јужен тек“ треба да се суспендира се додека проектот не се усогласи со европските прописи, но ова е првпат некоја од институциите на Унијата да побара тој да се стопира.
Резолуциите на ЕП не се задолжителни, но Европскиот совет и Европската комисија се должни да ги земат предвид при одлучувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европратениците не се обврзани на транспарентност за додатоците
-
Лазарова Трајковска со порака до судовите во Македонија: Одлуките на судиите да се засноваат врз европското право
-
Европскиот парламент до институциите: Не ни сметајте, на одмор сме
-
ПССЕ од Стразбур препорача:Реформите да бидат прифатени со консензус


