Версаче и Прада се едни од повеќето реномирани модни марки кои финансиски ќе помагаат во реставрацијата на разни културни знаменитости низ светот. Овој пат токму тие ќе донираат 3 милиони евра за реставрација на италијанската историска галерија Виторио Емануеле Втори, која воедно е најстариот трговски центар во светот.
Прада и Версаче ги сладат стапките на Булгари, кој донираше 1,5 милион евра за реставрирање на Шпанските скалила, Тодс издвои од профитот за Колосеумот, а кон исти финансиски цели се приклучија и Фенди и Џорџо Армани.

– Чувствуваме културна и социјална одговорнот. Ова е вистинскиот момент, бидејќи претходно не бевме подготвени од нашиот буџет да издвоиме финансии за работи надвор од она што ни е приоритет. Сега може да инвестираме и сме среќни поради тоа – велат од Версаче.
Инаку, Версаче ќе го отвори својот нов бутик токму во популарната италијанска галерија, а комплетната обнова на трговскиот центар треба да се заврши на крајот од 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Античкиот театар во Скупи нема да се надградува, туку само реставрира и конзервира
-
Версаче дизајнираше дрес, а цената е неверојатни 585 евра (галерија)
-
Најубавите за најдобриот: Супер моделите од 90-те повторно заедно на ревија за Версаче
-
Боки 13 -единствениот Балканец на ревијата на „Версаче“ во Милано (галерија)


