
Погребан е босанскиот град Дрвар. Тоа го сторија неговите жители денеска кои се собраа со свеќи во рацете, одржаа говор и залепија некролози по ѕидовите на градот на кои напишаа „Град Дрвар 1883-2013“.
Градот во Босна и Херцеговина банкротираше, а пред два месеца беше затворена и последната активна компанија во Дрвар, со што невработеноста во градот ги достигна незамисливите 80 проценти или два пати повисока од просечната невработеноста во БиХ.
Дури и Босанците кои имаат работа, со своите плати успеваат да покријат само помалку од половината од своите расходи, а наталитетот во Дрвар во минатата година бил неколку пати понизок од морталитетот, посочуваат медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


