| четврток, 6 декември 2018 |

ЕХФ нѐ цени, Металург – ПСЖ дерби на првото коло во ЛШ, Вардар и Рајн Некар во иста улога во третата рунда

Европската ракометна федерација го препозна квалитетот на Вардар и на Металург и извонредната атмосфера во салата „Борис Трајковски“, па два меча од првите три рунди во Лигата на шампионите на македонските претставници ги прогласи за дерби на колото.

Веднаш на стартот во фокусот на вниманието ќе биде дуелот меѓу Металург и Пари Сен-Жермен, настан што е прогласен за дерби на првото коло во ЛШ. Тој натпревар ќе се игра во Скопје на 28 септември со почеток од 19.15 часот.

Во третото коло повторно Скопје ќе биде центарот на ракометна Европа, а мечот меѓу Вардар и германскиот претставник Рајн Некар-Левен ќе биде дерби на рундата. Ќе се игра на 12 октомври во новата сала во населбата Аеродром со почеток од 19.30 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top