Санкциите што Косово ги воведе за Русија може само да предизвикаат широка насмевка, изјавил шефот на Одборот на Руската Дума за надворешни работи, Алексеј Пушков, пренесуваат руските медиуми.
Неговиот колега од Долниот Дом на Парламентот, Леонид Слуцки, истакна дека тоа не треба да зачудува бидејќи Косово потполно е зависно од Западот.
Косовската влада воведе во средата санкции за Русија, а како што истакнал косовскиот премиер, Хашим Тачи, тие ќе траат сè додека околностите не се променат.
Според пишувањата на косовскиот печат, косовскиот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај, рекол дека санкциите се воведуваат поради случувањата во Украина и меѓународните обврски.
– Санкциите на Косово против нас може да предизвикаат само широка насмевка. Очигледно, таму одлучиле дека на тој начин ќе потсетат за своето постоење – напишал Пушков на својот профил на „Твитер“.
Претседателот на Одборот на Руската Дума, Леонид Слуцки, во ваквата одлука не гледа ништо чудно доколку се има предвид дека сегашното раководство на покраината се наоѓа во потполна зависност од европските чиновници, пренесува агенцијата РИА Новости.
Според неговите зборови, имајќи го тоа предвид, нема ништо парадоксално во нивната ориентација во правец на клеветење на Русија и антируска интерпретација на случувањата на Украина.
Официјална, Москва не ја признава еднострано прогласената независност на Косово.
Русија и Косово немаат дипломатски односи, а руската дипломатска канцеларија која работи во Приштина е во состав на амбасадата во Белград, потсетува РИА Новости.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации



