Со вечерашниот митинг во Охрид, владејчката ВМРО-ДПМНЕ ја започнува изборната кампања за претстојните локални избори.
Митингот ќе започне во 19 часот и на него е предвидено да се обратат кандидатите за градоначаланик на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Никола Бакрачески, премиерот Никола Груевски и уште некои високи партиски функционери и лидери од коалицијата За подобра Македонија.
Опозицијата предводена од СДСМ пак, изборниот карван го почнува од Струмица каде се очекува официјално да биде промовиран Зоран Заев за кандидат за градоначалник. Од говорницата ќе се обрати и претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски како и останатите лидери на партиите од Сојузот на иднината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


