| четврток, 6 декември 2018 |

Како да се олесни и лекува болката во ’рбетот

грб

 

Болката во долниот дел од грбот се јавува најчесто кај луѓе на возраст од 20 до 40 години и погодува речиси 60 отсто од населението.

Најчести причини за болки во долниот дел од грбот се:

-Повреда на грбот

-Бременост и породување

-Прекумерно седење

-Недостиг на физичка активност

-Притисок на нервите

Една година по терапијата, пациентите што се јавиле со акутна болка во грбот сè уште чувствуваат непријатност, но за 90 отсто помала. Наспроти тоа, луѓето што својата болка ја објасниле како константна, ќе почувствуваат олеснување само за 50 отсто.

-Дојдовме до добри и до лоши заклучоци. Одлично е што на луѓето им се дава поголема можност за лекување, но постои место за напредок. Вообичаено е луѓето прво да го обвинат лекарот кога ќе видат вакви резултати, но мислам дека тоа не е реално. Една од главните причини зошто не сме постигнале поголеми резултати при лекувањето на болките во грбот е таа што агенциите за истражување не го сфаќаат доволно сериозно истражувањето на оваа болка. Во целиот свет ваквите истражувања се потценети. Време е тоа да се смени -, вели Кристофер Мејхир од универзитетот во Сиднеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top