| четврток, 6 декември 2018 |

Француска волонтерка заболена од ебола

Првиот случај на заболен Французин од ебола ќе биде згрижен во воената болница Бегин во Сант-Манде во Вал-де-Марн (во близина на Париз), пренесува дописникот на МИА од Париз.

Emory University Hospital to treat Ebola patient in Atlanta, Georgia, USA

Ова е прв случај на француски државјанин, во случајов волонтерка која работела за Лекари без граници во Либерија, да биде заразен од ебола.

Идентитетот на заболената не се открива и не се кажува кога таа точно ќе биде пренесена во Франција.

Според информациите дадени од Министерството за надворешни работи и за здраство, заболената ќе биде донесена на лекување во Франција во „услови на максимална безбедност“ со специјално опремен авион за тоа.

Притоа француските власти нагласуваат дека во земјата се преземени соодветни мерки за справување со случаи на заболување од ебола. Болницата каде што ќе биде сместена заболената е една од рефернтните болници кои беа избрани од Министерството за здравство, меѓу кои се наоѓаат уште две други болници во Париз.

Покрај болниците во престолнината и нејзиниот регион, француските власти имаат мобилизирано уште неколку специјализирани болнички центир во Рен, Лил, Бордо, Стразбур и Лион. Во сите овие болници се предвидени специјални болнички соби за  пациентите заразени од ебола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top