На 26-ти септември во Охрид ќе се одржи долгогодишната традиционална манифестација Охридски староградски средби чија цел е да го негува староградскиот македонски мелос. Средбите ќе започнат во 19 часот со дефиле на ансамблите низ охридската чаршија, на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ и на плоштадот „Чинар“.
Свеченото отворање на фестивалот е закажано во 20 часот.Годинава ќе настапат Градско мандолинско друштво „Свети Никола“- Свети Николе, Здружение на пензионери Охрид и Дебрца, Дом на култура ,,Иван Мазов – Климе”- Кавадарци, Здружение на пензионери на општина Штип и Карбинци ,Октет – Прилеп, НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, Група „Орнаменти“ – Штип, Здружение на пензионери од Куманово, КУД ,,Пере Тошев” – Прилеп, Група ,,Сарај” – Охрид, Центар за култура – Неготино, Здружение ,,Распеани Велешани”-Велес, како и Хорот при НУ Центар за култура ,,Григор Прличев“ од Охрид.
Охридските староградски средби ќе се одржуваат во Центарот за култура во Охрид , а влезот за посетителите е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


