Како што пишуваат странските медиуми, славната двојка се разведува по четиринаесет месеци брак. Наводно, 29-годшната пејачка се разведува од нејзиниот десет години постар сопруг, продуцентот и пејач на „Никлбек“, Чед Кругер.
Извор близок до Лавињ тврди за „Ју ес викли“ дека Кругер насекаде се фали за разводот со пејачката.
– Тој е тотален кретен за начинот на кој разговара со Аврил и со начинот на кој се однесува со луѓето генерално – вели изворот.
Кругер е вториот сопруг на Аврил, која четири години беше во брак со музичарот Дерик Вибли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


