Најдобрата кинеска тенисерка Ли На објави дека ја завршува кариерата на 19 септември. Ли На се одличи на таков чекор бидејќи не може да ги поднесе болките од бројните повреди кои ја пратат оваа година.
Двократната гранслем-шампионка по завршувањето на азиската турнеја ќе ја заврши кариерата.
Моментно шестата тенисерка на светот има освоено две гранслем-титули. Таа го освои Отвореното првенство на Австралија оваа година кога и го достигна најголемиот успех во кариерата, искачувајќи се на второто место на листата на ВТА веднаш зад неприкосновената Американка Серена Вилијамс. Првиот гранслем го освои во 2011 година освојувајќи го Ролан Гарос.
Во кариерата освои девет ВТА-титули, а светскиот женски тенис ќе загуби уште една одлична тенисерка која беше магнет за публиката на сите турнири и миленик на многу тениски симпатизери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


