| четврток, 6 декември 2018 |

Шест месеци затвор и 91 удар со камшик за младите Иранци кои играа на „Happy“

happy_18092014_screen

Шесте млади Иранци што беа уапсени затоа што играа и направија видео на песната „Happy“ од Фарел Вилијамс ја дознаа својата пресуда.

Иранскиот суд вчера им изрече шестмесечна затворска казна и 91 удар со камшик.

Но, се работи за условна казна, па пресудата е суспендирана на три години, што значи дека тие ќе останат на слобода, освен ако во тој период не направат сличен прекршок. После три години, нивната казна ќе биде поништена.

Режисерот на видеото Сасан Сулејмани е осуден на година дена затвор со истите услови.

Трите момчиња и трите девојчиња во мај беа притворени за преработката на песната по примерот на сите млади од останатите земји во светот, а потоа беа присилени да се покајат на националната телевизија.

Главниот проблем за апсењето било што играат машки и женски заедно, а девојчињата не носат хиџаб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top