Според известувањето добиено од косовската полиција околу 19 часот бил извршен претрес во станот на Алил Демири , лоциран во Приштина, а подоцна околу 21 часот и 20 минути претрес бил извршен и во станот на Африм Исмаиловиќ. При претресот се пронајдени и запленети неколку парчиња оружје кое ќе биде предмет на натамошно вештачење.
На двете лица засега им е одреден екстрадиционен притвор во траење од 48 часа. Во овој период тие ќе бидат изведени пред судија во Основниот суд во Приштина.
Веднаш по спроведената акција на косовската полиција, Министерството за внатрешни работи на Република Македонија беше известено за исходот, а веднаш беше воспоставен и директен контакт помеѓу министрите Јанкулоска и Реџепи. Во телефонскиот разговор министерката Јанкулоска му изрази благодарност за реализираната акција и соработката во целиот случај.
Утринава од косовска страна беа испратени отпечатоците на приведените и врз основа на направените проверки може да потврдиме дека се работи за двајцата обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро, кои македонската полиција ги бараше со меѓународна потерница преку Интерпол.
Во најкус можен рок ќе биде отпочната и спроведена процедурата за нивно екстрадирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации



