| четврток, 6 декември 2018 |

Енди Мареј во битка за независност на Шкотска

Веројатно најпознатиот шкотски спортист на денешницата, Енди Мареј, се одлучи за независност на Шкотска и на својот профил на „Твитер“ ја поддржа иницијативата за самостојност и отцепување од Велика Британија. Денеска е денот Д и се одржува референдум на кој „храбрите срца“ ќе одлучат дали ќе бидат независна држава или ќе останат во Обединетото кралство.

„Денеска е голем ден за Шкотска. Ајде да го сториме тоа. Јас се определив, а ме поттикна негативната кампања за останување на земјата во Унијата“, напиша Мареј. Колкаво влијание ќе има популарниот тенисер, ќе се знае во текот на денешниот ден кога се спроведува референдумот. Според процените, се води мртва трка меѓу унионистите и опцијата за независност на Шкостка, а има околу 130 илјади неопределени. Дали можеби Мареј ќе ги привлече да гласаат „за“ независност ќе биде познато по полноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top