Исламската држава објави нова заканувачака видеопорака со која се предупредуваат САД дека ќе доживеат освета и брутално насилство ако претседателот Барак Обама навистина испрати воени трупи во Ирак како што најави во одлучниот обид да ја уништи терористичката организација. Тоа што е во една рака навистина интересно е фактот дека видеото под наслов „Flames of War“ потсетува на холивудските трилери. Прикажува милитанти како креваат во воздух тенкови, ранети американски војници, егзекуции, мрачни прикази на Белата куќа, а на крај во стилот на најавите на новите фолсмски хитови се испраќа јасна порака „доаѓа наскоро“.
Видеото е објавено во вторникот и тоа како директен одговор на генералот Мартин Демпси, шеф на Здружената команда кој му порача на Сенатот дека борбата против тероризмот во Ирак можеби ќе има потреба од интервенција на копнени трупи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


