Офицерот на бродот „Серенисими“ кој е од Хрватска вели дека нивните претпоставки се дека Дениса Маркоска се фрлила од бродот, но никој не го видел тоа ниту пак имало камери на палубите, објави „Канал 5“.
– Таа наводно е пријавена дека е фрлена и по неа има потрага. Видена е во 2 часот наутро , а потоа сите отишле да спијат. Никој оттогаш ја нема видено, беше ноќе и рано наутро. Штом е пријавена дека утрово не дошла на работа бродот е пребаран, 3-4 пати. Тоа е брод од 100 и повеќе метри и не може таа да се сокрие, тврди за „Канал 5“ Иво Домљан, офицер на бродот „Серенисима“.
Семејството на Дениса било шокирано кога во понеделникот наутро ги добило работите на својата ќерка и кратко писмено известување дека компанијата „Волгадрим“ сопственик на бродот „Серенисима“ жали за судбината на исчезнатата хотелска работничка од Прилеп. Во ова кратко обраќање нема никакви детали за начинот како исчезнала и како се одвива истрагата.
Капетанот тврди дека на бродот имало повеќе Македонци и оти тие се држале“ заедно. Според неговите зборови, никој не ја видел кога исчезнала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.