Поранешниот американски претседател Бил Клинтон ги повика жителите на Шкотска да не дозволат расцеп на Велика Британија и на утрешниот референдум да гласаат против понудената независност за нивната покраина.
– Обединети и со максимално дадено самоуправување (на Шкотска) ќе се испрати силна порака до светот, оптоварен со разни судири за истакнување на сопствениот идентитет, дека сепак е можно да се почитуваат меѓусебните разлики и додека се живее и работи заедно, вели Клинтон во својата специјална порака за Шкотланѓаните пред утрешниот референдум за независност.
Ова е прва изјава со спротивставување на можното отцепување на Шкотска, од еден висок американски политичар.
Од почетокот на кампањата за референдумот, САД се определија за стриктна неутралност не дозволувајќи му на ниту еден дипломат или американски функционер да се определува меѓу унионистите и сепаратистите. Според официјален Вашингтон, станува збор за исклучиво внатрешно прашање на Велика Британија и на луѓето во Шкотска кои треба да одлучат за својата политичка иднина.
Претседателот Барак Обама, при едно обраќање во јуни година, изрази уверување дека Велика Британија, која ја означи како „најблизок американски сојузник“ во меѓународните односи, ќе остане „засекогаш силен, обединет и ефикасен партнер“ на САД.
Аналитичарите во американскиот главен град тогаш оценија дека Обама во својата изјава инсистирал на британско „единство“ и во тоа го увода ставот на САД околу референдумот за независност, но Вашингтон ги отфрли ваквите коментари.
Американските медиуми, кои на утрешното гласање му посветуваат големо внимание, тврдат дека САД ќе опстојат на својата неутралност до крајот, но дека „сосема е јасно“ оти Вашнгтон сака Шкотска да остане таму каде што е сега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Моника Левински открила сочни детали за сексот со Бил Клинтон: Ми делеше комплименти но кога отидовме во бањата…
-
Најпознатата љубовница открила како го завела претседателот: Му ги покажав гаќичките
-
Го избламира за сите времиња – Клинтон на НБА меч доживеа непријатност!(видео)
-
Нова истрага за семејството Клинтон