Филмовите „Како убив светец“ на Теона Стругар-Митевска и „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски ќе бидат прикажани на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан, во рамките на ретроспективната програма „Источни ветувања – Автобиографија на Источна Европа“. Ќе бидат прикажани вкупно 50 филма што го одбележаа почетокот на 21.век, со цел да се открие богатството на овие кинематографии.
„Како убив светец“ е снимен во 2004 година.
Филмот има учествувано на 20-ина фестивали ширум светот, меѓу кои и на фестивалот во Ротердам. Актерот Милан Тоциновски за главната улога во филмот ја доби наградата „Срцето на Сараево“ во рамки на меѓународниот фестивал. Првиот долгометражен филм на Стругар-Митевска освои награда и на фестивалот во Линц, Австрија.
„Панкот не е мртов“ на Блажевски беше награден на фестивалот во Карлови Вари, а освои уште десетина други награди.
Фестивалот во Сан Себастијан ќе се одржи од 19 до 26 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.