Ирачките сили денеска започнаа воена операција против екстремистите припадници на групата Исламска држава (ИД) во три градови во централниот дел на Ирак, соопштија безбедносни извори.
Воените операции се започнати во Рамади, Фалуџа и Хадита во западната провинција Анабар.
Елитните ирачки сили со поддршка на америчката авијација, се судрија денеска со џихадистите недалеку од Багдад, по објавувањето на стратегијата на Вашингтон за проширување на операциите против ИД.
Според информациите на ирачката војска и племенските лидери, американските борбени авиони бомбардирале три цели на Исламската држава во областите јужно од Багдад, која е позната под името „триаголник на смртта“ и ликвиидрале најмалку четворица екстремести.
Во текот на претходната ноќ, ирачките војниници воделе борби со џихадистите во регионот на Џурф ал-Сакар, кој се наоѓа на 50 километри од ирачкиот главен град.
Од 8 август американските сили изведоа повеке од 160 воздушни напади приморувајќи ги џихадистите да се повлечат во соседна Сирија.
Сирскиот центар за мониторинг за човечките права денеска соопшти дека речиси 50 луѓе, вклучувајки и седум жени и едн дете, биле убиени при воздушни напади на сириските владини сили во Талбисех.
Од друга страна, курдските сили Пешмерга, кои добија воена помош од САД и другите западни сојузници, ја повратиле контролата врз неколку христијански села источно од Мосул од каде населението избегало по офанзивата ИД во август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.