| четврток, 6 декември 2018 |

На ИТФ „Лица без маски“ претставата „Ќелавата пејачка“

kelavata pejacka

Официјалната натпреварувачка програма на ИТФ „Лица без маски“, последната вечер продолжува на „Големата сцена“ на Универзална сала со почеток од 19 часот, со промоцијата на книгата ,,Стрмоглаво кон височините” на авторката Марта Маркоска, проследена со музичка и видео илустрација.

Претстава ,,Ќелавата пејачка” на Театар 007 во режија на Игор Ивковиќ  ќе биде изведена на „Малата сцена“ при Универзална сала, со почеток од 21 часот.

Претходно, ќе бидат доделени наградите од страна директорот на фестивалот Миодраг Костиќ а во чест на последниот перформанс.

Ќелавата пејачка” е претстава, која ќе Ве насмее и замисли за многу прашања: за ,,апсурдната реалност” на денешното живеење, течењето на времето и неоставањето никаква трага и белег на нашето постоење, за изобилието од лицемерие и лажна учтивост, за квази херои и хероини, наводните друштвени ,,луѓе” кои ,,умираат од досада” кога си со нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top