Навидум банално, а сепак интересно прашање кое неодамна беше поставено на еден форум на интернет. Подолг одговор што привлече огромно внимание дава режисерот и писател Маркус Гедалд:
Јас сум режисер кој работи со актери повеќе од 30 години и сум син на филмски историчар. Ќе ви ја дадам мојата дефиниција за добра глума, но морам да ви напомнам дека сè е работа на вкус. За мене еден актер е добар ако:
1. Успее да ме увери дека го доживува истото што и ликовите кои ги толкува – се работи за психолошкиот аспект на глумата.
2. Успева да ме изненади – да делува реалистично е нешто што се подразбира, но вториот услов е тој да не успеам да ја предвидам секоја негова реакција. Работата на еден актер е да се познаваат сите човечки можности и длабочината на сопствените можности. Мора да го извлечат тоа од себе и да нè изненадат. Постојат многу актери кои можат да нè изненадат. Гери Олдман и Џони Деп веродостојно толкуваат многубројни улоги, исто и Џек Николсон ја имаа таа способност. Иако не е камелеон како Олдман и Деп, не знаете што следно ќе направи, а тоа го прави многу добро.
3. Ранлив е – Одличните актери со гледачите споделуваат дел од себе кој многумина од нас го кријат. Лошите актери не сакаат да споделат дел од себе кој го сметаат за грд, завиден, лош или слично. Кога се актерите разоткриени и природни тоа е нешто што секогаш повторно нè изненадува. Ако тоа не делува реално, нема смисла. Ако некогаш ви се причини дека актерот покажува некој таен дел од себе, веројатно тоа и го прави. Примери за тоа се Џулијан Мур и Брајан Кренстон.
4. Знае да слуша – Фасцинантно е да се гледаат актерите кога не зборуваат. Погледнете ја Клер Дејнс, таа е одличен слушател.
5. Знае како да ги користи гласот и телото – Ова не значи дека треба да биде слаб или мускулест. Џејмс Гандолини одлично го користеше своето тело, знаеше како да се движи и да зборува. Лош пример е Кристен Стујарт, изгледа како да сака да избега од сцената, да биде на некое друго место, а не пред камери.
На пример, Том Круз не го мразам онака како што другите го мразат, според мене делува уверливо, но не е интересен. Многу ретко ме изненадува и не продира со сопствената ранливост. Има одбранбен став. Најранлив беше во филмот Eyes Wide Shut, но не беше брилијантен.
Имајте на ум дека на голем број луѓе (кои не се актери, режисери или филмски љубители) не им е јасен придонесот на актерите во филмот. Многумина мислат дека актерот е добар ако им се допадне нивниот лик во филмот, но тоа е резултат од добро сценарио, а не на добра глума.
Некои мислат дека глумата е добра ако им се допадне филмот. Киану Ривс, според моето мислење, е ужасен актер, делува здрвено и лажно, како да чита од картички. Но, многумина го сакаат поради Matrix филмовите, го мешаат филмот со актерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


