| четврток, 6 декември 2018 |

Украинската војска ставена во целосна борбена готовност

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук му нареди на Министерството за одбрана да ја стави армијата во состојба на целосна борбена готовност и покрај 12-дневното примирје со проруските сепаратисти во источна Украина.

– Русија нема да ни обезбеди мир, така што го молам министерот за одбрана за целосна борбена готовност, рече Јацењук.

Тој додаде дека имплементирањето на планот за источна Украина на претседателот Петро Порошенко не значи дека треба да има „олабавување на работата на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи“.

– Не можам да верувам на никого, особено не на Русија, рече украинскиот премиер.

Двајца цивили се убиени во престрелки во бастионот на сепаратистите Доњецк, соопштија локалните власти и додадоа дека во судирите се ранети тројца цивили.

Аеродромот во Доњецк веќе неколку дена е арена на престрелки меѓу владината армија и сепаратистите.

Од стапување во сила на примирјето меѓу Киев и сепаратистите на 5 септември, загинаа 14 цивили и 16 воени лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top