| четврток, 6 декември 2018 |

Maлку поинаква Теа (ВИДЕО)

Младата пејачка Теа, која уште како тинејџерка започна да чекори по македонската музичка сцена, се враќа со нов звук и стил.

Fabrika_1

Со новата „Ми треба малку време“ Теа носи еден нов и различен звук и емоција на нашата музичка сцена, велат од нејзиниот тим.

Позади ова музичко остварување стојатЛазар и Магдалена Цветкоски. Видеоспотот за песната е сниман на повеќе локации низ Македонија во реализација и продукција на „Горила филм“, а е во режија на Огнен Шапковски, додека директор на фотографија е Кристијан Теодоров. Во него покрај Теа се појавува и македонскиот модел и водител Андреј Клинчаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top