| четврток, 6 декември 2018 |

Писториус ќе пишува книга за убиството на сопругата

Атлетичарот Оскар Писториус на кого му се суди за убиство на сопругата Рива Стинкемп, ќе пишува роман за тоа како со пиштол ја усмрти својата сопруга.

Н Писториус моментално ми се суди за убиство од небрежност, бидејќи претходно се докажа дека кога пукал во правецот на тоалетот во кој се наоѓала Рива, мислел дека внатре се наоѓа провалник.

– Да, ќе напише книга. Зборувавме за тоа. Зборувавме за идејата и концептот. Не би навлегувал во детали. Кога ќе заврши судењето, ние двајца ќе седнеме и ќе одлучиме што ќе правиме. Прво мора да помине тој 13 октомври – изјави неговиот менаџер Ван Жил.

Пресудата за Оскар Писториус ќе се знае на 13 октомври и тогаш ќе се знае висината на казната. Најпрво му се судеше за убиство со умисла, но беше ослободен од тие оптужби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top