
Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус бил повреден во затворска тепачка, наводно поради телефон, објавија јужноафриканските медиуми.
– Писториус има модринки кои настанале во инцидентот со друг затвореник, и тоа во врска со телефонот, изјави портпаролот на затворот во Атриџвил, каде Писториус беше преместен во ноември 2016 година.
Писториус е осуден на 13 години затвор за убиството на неговата девојка Рива Стинкемп, кое се случи на Денот на вљубените во 2013 година. Спортистот тогаш, во своја одбрана, тврдеше дека мислел дека пука кон провалник.
Минатиот месец, Апелациски суд ја удвои првичната казна за Писториус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


