| четврток, 6 декември 2018 |

Доријан Бабунски како Роналдо – дава голови и асистира (видео)

Доријан Бабунски е голема надеж на македонскиот фудбал, исто како и неговиот постар брат Давид, а Реал и Барселона си имаат македонски бисери во своите фудбалски академии. Доријан игра за „кралскиот клуб“ од Мадрид, а Давид е член на каталонскиот гигант Барса.

Талентот им е неспорен, а потврда за тоа е импресивниот настап на Доријан, во дресот на Реал Мадрид во селекцијата до 17 години. Тој беше играч на мечот против Коладо Вилјалба, кој Реал го доби со 7-1. Бабунски Јуниор беше стрелец на два гола и имаше две асистенции. Во стилот на неговиот идол Кристијано Роналдо. Погледнете ги головите и прецизните додавања на Доријан Бабунски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top