Македонскиот младински репрезентативец Доријан Бабунски одигра 12 минути за Реал Мадрид во Лигата на шампионите за фудбалери до 19 години, а „кралевите“ со убедлива победа од 2-0 го почнаа новиот циклус натпревари. Реал славеше против Базел, а Бабунски доби шанса да дебитира во ЛШ од 78 минута.
Доријан има 18 години и лани беше прв стрелец во тимот на Реал за фудбалери на возраст до 17 години, па заслужи шанса да биде дел од составот што ќе игра во младинската Лига на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.