| четврток, 6 декември 2018 |

Брисел: Македонците се цел на говор на омраза во Бугарија

Бугарија уште еднаш критикувана од ЕКРИ за односот кон Македонците

eu brisel

Европската комисија за борба против расизмот и нетрпеливоста или скратено ЕКРИм независен орган на Советот на Европа во најновиот извештај за Бугарија од петтиот круг на евалуација, уште еднаш го посочува нессодветното однесување кон Македонците кои живеат во Бугарија, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.

Во претходниот извештај ЕКРИ живо им препорача на бугарските власти да се осигураат дека законодавството против предизвикувањето на расна омраза се спроведува за секој политичар кој држи говор на  омраза или ксенофобија. ЕКРИ сега повторно забележува дека говорот на омраза и нетрпеливост претставува „серизоен проблем во политичките дискуии во Бугарија и притоа ситуацијата се влошува“.

– Главна цел на говорот на омраза во Бугарија се  Ромите, муслиманите, евреите, Турците и Македонците, нагласува ЕКРИ.

Во извештајот меѓу другото се забележува дека во Бугарија оперираат повеќе мали политички партии и ултранационалистички или фашистички групи, како НСФБ, ВМРО-БНД или БНУ. Според ЕКРИ ВМРО-БНД ја бие глас дека систематски повикува на омраза кон соседното население на Балканот и дека шири антициганска пропаганда. Од бугасрките власти се бара поголема контрола на овие партии и групи.

ЕКРИ во извештајот исто така забележува дека кај Македонците и Помаците постои чувство на длабока непријатност, бидејќи тие не се признати од бугарската држава како етничко малцинство. Македонците и Помаците се единствените малцинства кои не се наоѓаат во Националниот совет за соработка и интеграција во однос на етничките прашања, советодавен орган на бугарската влада. Ова прашање со Македонците во Бугарија се обработува и од Советодавниот орга на Рамковната конвенција за заштиата на националните малцинства, чиј трет извештај во моментов се усвојува.

Во извештајот на ЕКРИ уште еднаш е нагласено дека Бугарија не ги признава Македонците како национално малцинство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top